0 Продукти - 0,00 ден
0
  • Нема продукти.

Правила и услови за продажба

Цените на сите производи се изразени во денари. Купувачот пред да направи веб нарачка мора претходно да е регистриран. По успешно направената нарачка ќе ви биде испратена електронска порака со сите детали поврзани со нарачката на вашата електронска пошта за ваша потврда на истата.

  • Начин на плаќање

Електронско онлајн плаќање со платежна дебитна или кредитна картичка овозможено од ХалкБанк АД Скопје, или банкарски трансфер при што на вашата електронска пошта ќе ви биде испратена порака со сите потребни информации за успешна реализација на плаќањето, уплатата може да ја направите во банка или пошта. Производот ќе ви биде испратен на назначената адреса одредена од ваша страна после потврдата дека средствата се пристигнати на нашата банкарска сметка.

  • Генерални услови

Со самата посета и купување преку нашиот веб портал се согласувате со наведените услови, чие право на промена е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот www.smartcom.mk во зависност од промените и условите. Не превземаме никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал достапните информации и услови од овој сајт.

Ќе настојуваме сите артикли да ви бидат прикажани со ажурирани цени, слики и спецификации, но сепак не можеме да гарантираме дека сите наведени информации се потполно точни.

Го задржуваме правото на промена на цената на производите без претходна најава на корисниците, во согласност со нашата деловна политика. Доколку нарачката е прифатена, купувачот прифаќа да ја плати цената која е понудена во моментот на процесирање на нарачката , независно од тоа што цената може да биде променета во меѓувреме.

При нарачка задолжителни се податоците за контакт и адреса за испорака.

При креирање на нарачка, побарајте наша потврда дали производот е се уште достапен пред да извршите плаќање!

  • Упатство за онлајн плаќање

Откако ќе ги внесете вашите податоци во полињата, одберете ја опцијата „Електронско онлајн плаќање“, прифатете ги правилата и условите за продажба и кликнете на копчето „Нарачај“,со што ќе бидете префрлени на страницата за безбедно плаќање на ХалкБанк АД Скопје.

  1. Во полето „Број на картичка“, внесете го бројот од вашата картичка кој што содржи 16 цифри.

  2. Во полето „Рок на важност“, одберете го датумот на важност на вашата картичка.

  3. Во полето „CVC2/CVV2 Број“, внесете го бројот кој што содржи 3 цифри и се наоѓа на вашата задна страна од картичката.

  4. Откако ќе ги внесете вашите точни податоци, кликнете на копчето „Поднеси“ и почекајте за потврда дека трансакцијата е одобрена. (во случај вашата трансакција да не е одобрена, Ве молиме веднаш да не известите со точни информации за нарачката)